Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оствари пласман во четвртфиналето на гранслем турнирот Ролан Гарос, откако со 3-0 во сетови (6-3, 6-4, 6-2) го совлада Фернандо Вердаско. По подолг период, Ѓоковиќ прикажува сигурна игра и се чини дека полека се враќа во старата препознатлива форма.

Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-3, а во вториот исто така навремено направи брејк и го комплетира со 6-4 во гемови. По ова отпорот на Вердаско комплетно беше урнат, па Србинот лесно стигна до 6-2 во гемови во третиот сет за пласман меѓу осумте најдобри тенисери.

Се вчитува...