Ѓоковиќ во конфликт со навивач – Те молам биди потивок додека играме (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ води со 2-0 во финалето на Австралија опен против Русинот, Данил Медведев. Во четвртиот гејм од вториот сет Србинот влезе во конфликт со еден од навивачите откако во сред поен од публиката се слушна довикување, поради кое главниот судија мораше да го прекине поенот, кој подоцна го загуби Ѓоковиќ.

Сепак, Србинот во истиот гејм стигна до брејк, а потоа со уште еден го потврди освојувањето на вториот сет.

Подоцна се дозна дека навивачите всушност барале од австралиската влада да ги решат проблемите и да ги ослободат мигрантите, односно да заврши нивното задолжително задржување.

Се вчитува...