Ѓоковиќ: АТП игра само политички игра, а најважно им е само да се каже дека Новак е лицемер

Првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ открива дека тенисерите пред некој месец барале од него и од Васек Поспишил да поднесат оставка во советот на играчи, а сега тие двајца повторно се номинарини за тоа место. Тој и Поспишил ги прифатија номинациите, но од АТП донесоа одлука дека не може ист човек да биде дел од советот и од друго паралелно здружение, во овој случај новото Здружение на професионални играчи.

„Често се извртуваат работите кои ги зборувам. Еве гледате во последните два дена говореа како е можеби лицемерно да бидам основач на ПТПА и истовреме да се вратам во советот на играчи. Немав намера да се вратам во советот. Васек и јас пред неколку дена дознавме дека повторно сме номинирани и тоа претставува чест бидејќи колегите веруваат во нас. Немам никаква корист од тоа ниту материјална, ниту било каква сакам само да помогнам. АТП оди контра од тоа што тенисерите го сакаат. Тоа се политички игри за кои многу малку се говори. Важно е да се напише дека Новак е лицемер“, изјави Ѓоковиќ. 

 

Се вчитува...