Ѓоковиќ во ново финале на Вимблдон – го чека подобриот од „мега дуелот“ Роџер-Рафа

Актуелниот шампион на Вимблдон, Србинот Новак Ѓоковиќ го продолжува походот кон одбрана на титула, откако во полуфиналето го совлада Шпанецот Роберто Баутиста-Агут со 3-1 (6-2, 4-6, 6-3 и 6-2).

Во првиот сет Србинот доминараше освојувајќи го со 6-2. Во вториот Шпанецот отвори со брз брејк кој успеа да го сочува до самиот крај за израмнување на 1-1 (6-4). Сепак, тоа беше се што успеа да направи Шпанецот, бидејќи со одлична игра во продолжени Србинот успеа да обезбеди ново финале на Вимблдон.

Во походот на петтата титула во „Ол ингланд“ клубот ќе му застане подобриот од мегадуелот меѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал кои во годишното полуфинале ќе го одиграат јубилејниот четириесет меѓусебен меч.

Се вчитува...