Ѓоковиќ во солзи пред финалето во Мелбурн – Ноле го „скршија“ снимките од испраќањето на Балашевиќ (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ за час и половина ќе се сретне со Данил Медведев во финалето на Австралија опен. Најдобриот тенисер во светот вчера на емотивен начин се прости со легендата на југословенската музика Ѓорѓе Балашевиќ, а емоциите не може да ги задржи ниту неколку часа пред најважниот натпревар во Мелбурн.

Tој емотивно ги доживеа снимките од улиците низ Балканот, а посебно на улиците во Сплит каде бројни обожаватели заеднички се простија од популарниот Џоле.

„Каква емоција. Ова е прекрасно! Ти благодарам Сплит“, напиша Ѓоковиќ споделувајќи го видеото од Сплит. 

 

Се вчитува...