Ѓоковиќ за Федерер: Се надевам дека пак ќе игра, за доброто на тенисот

Новак Ѓоковиќ реди победи на завршниот АТП турнир во Торино, доминирајќи во однос на „некои нови момци“ во период во кој веќе за ривали ги нема своите долгогодишни противници, Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Федерер веќе подолго време се мачи со повреди на коленото, а Ѓоковиќ на последната прес-конференција беше прашан токму за швајцарскиот тениски великан, одговарајќи со голема почит за големиот ривал.

„Јасно е дека Федерер е икона на нашиот спорт, луѓето ширум светот многу го сакаат, уживаат да го гледа како игра. Тој е важен за тенисот, на теренот и надвор од него. За доброто на спортот, се надевам дека барем уште малку ќе го гледаме како игра. Сигурен сум дека не сака да ја заврши кариерата на ваков начин, верувам дека ќе се обиде, барем за последен пат, да одигра неколку турнири. Не знам точно колку е сериозна неговата повреда, но знам дека извесно време се мачи со коленото“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...