Ѓоковиќ за финалето против Надал: Дефинитивно би купил билет за тој меч

За 85 минути, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во финалето на тенискиот грен-слем, Австралија опен. Само толку му беше потребно за полуфиналната победа во три сета над Лукас Пуј. Светскиот тенисер број еден признава дека го планирал ваквиот исход.

„Се се функционираше како шпто планирав. Ова ми беше еден од најдобрите мечеви на овој терен. Дефинитивно“ – изјави Ѓоковиќ по триумфот.

За седмиот трофеј од турнирот во Мелбурн, Ѓоковиќ ќе се бори со големиот ривал, Рафаел Надал кој исто така Аус Опен го игра во одлична форма. Последен пат во финале во Мелбурн овие двјаца тенисери се соочија во епската битка за титулата во 2012 година, мечот траеше повеќе од шест часа, а триумфираше Србинот.

„Дефинитивно би купил билет за мечот. Се надевам само дека исходот ќе биде како во 2012“ – вели Ѓоковиќ кој го очекува неделното финале против Надал со кој пред седум години го одиграа најдолгиот финален на овој турнир.

Наспроти шесте титули на Ѓоковиќ, Надал има само еден трофеј од Австралија Опен, освоен во 2009 година.

Се вчитува...