Ѓоковиќ: За малку наместо тенисер ќе бев…

Новак Ѓоковиќ собра сили за извонреден камбек во текот на ланската сезона и повторно се наоѓа на врвот на АТП-листата. Србинот воедно е и најсериозен ривал на Роџер Федерер кога станува збор за рекордот на освоени гранслем титули, а Ѓоковиќ во интервју за магазинот „Спортска Економија“ откри и интересен детал од детството, кога всушност решил со кој конкретен спорт ќе се занимава.

„Најважна одлука во кариерата дефинитивно ми е онаа кога решив сериозно да тренирам тенис. Бев со семејството во станот на Лабудово брдо, каде живеевме во тој период, и разговаравме за моите соништа. Морав да одлучам, на едната страна беше тенисот, што го сакав и го играв, а на другата скијањето, мојата најголема љубов и страст. Не ми беше лесно да се одлучам бидејќи бев многу добар и во двата спорта. Да не бев тенисер сигурно ќе бев скијач, но од сегашна перспектива дефинитивно ја донесов вистинската одлука“ – открива Новак Ѓоковиќ.

Србинот ќе има можност за освојување на нови АТП-бодови бидејќи ќе учествува на претстојниот Мастерс-турнир во Индијан велс, каде лани беше елиминиран уште во второто коло од Таро Даниел.

Се вчитува...