Ѓоковиќ: За мене е привилегија да испишувам тениска историја

Новак Ѓоковиќ го продолжи походот кон 20. титула на гранслем турнирите откако српскиот тенисер го совлада Шаповалов со 3-0 во сетови и се пласираше во финалето на Вимблдон.

За Новак ова ќе биде седмо финале на британскиот гранслем, одлична можност да се зацврсти на првото место на АТП-листата, но и да ги стигне Федерер и Надал на листата на најтрофејни тенисери од најсилните турнири.

„Во оваа фаза од кариерата, трофеите на гранслем турнирите ми значат се. Не е тајна, тие четири турнири се најважни во нашиот спорт, а јас чувствувам привилегија што можам да испишувам тениска историја. Срцето ми се полни кога ќе слушнам дека пред мене е некој рекорд што можам да го урнам“, истакна Ѓоковиќ.

Потоа, српскиот тенисер се осврна и на полуфилната пресметка со Шаповалов, испраќајќи комплименти кон канадскиот тенисер.

„Ќе го видите резултатот и ќе речете лесна победа од 3-0, но воопшто не беше така. На теренот беше многу потешко од она што го покажува семафорот, бидејќи Шаповалов играше одлично и покажа дека е извонреден тенисер пред кого е блескава иднина“, порача српскиот тениски великан.

Се вчитува...