Ѓоковиќ: За седум до десет дена ќе откријам точно што се случуваше Мелбурн

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ беше гостин на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Ѓоковиќ му се заблагодари на претседателот за поддршката која ја доби во текот на целата ситуација поврзана со случувањата во Австралија.

Покрај големата благодарност тој најави дека наскоро ќе ја каже својата страна на приказната и ќе открие што точно се случуваше таа недела во Мелбурн.

„Бидејќи не се огласив во јавноста за целата ситуација, ги молам новинарите за стрпливост бидејќи во следните седум до десет дена ќе откријам што точно се случуваше во Мелбурн“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...