Ѓоковиќ задоволен: Се чувствувам добро, играм одлично…

Новак Ѓоковиќ ги надмина проблемите кои го следат во последните месеци, па српскиот тенисер игра извонреден тенис во првата седмица од Вимблдон. Тој ги доби првите три меча без ниту еден загубен сет, па по вчерашниот триумф над Гулбис не го криеше задоволството што конечно влегува во посакуваниот ритам.

Воодушевен сум како играв против Гулбис. Ме радува што секој нов меч ја кревам формата за едно ниво погоде, се чувствувам добро, играм одлично, максимално сум сконцентриран на теренот. Можам да бидам презадоволен од се досега на Вимблдон, фокусирано влегувам кон следните предизвици, свесен дека најтешките задачи допрва ми претстојат“ – изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер во осминафиналето ќе се сретне со Французинот Манарино, за кого има високо мислење.

Адријан Манарино го победи Монфилс во пет сета, тој е многу незгоден играч на трева бидејќи има извонреден сервис. Се наѓа во добра форма е, но исто така сум и јас, па се надевам дека ќе го повторам резултатот од минатата година кога го победив“ – истакна Новак Ѓоковиќ.

Србинот допатува во Лондон како треторангиран светски тенисер, но наредниот понеделник би можел дури и да се искачи на врвот. Сепак, шансите за тоа се мали бидејќи треба не само Ѓоковиќ да го освои Вимблдон, туку и Енди Мареј и Рафаел Надал да бидат елиминирани пред полуфиналето.

Се вчитува...