Ѓоковиќ загуби еден сет, па се разбуди

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето до Вимблдон откако во интересен меч успеа да го скрши отпорот на Британецот Кајл Едмунд, совладувајќи го со 3-1 во сетови.

Домашниот миленик бодрен од фановите успеа да стигне до почетна предност од 4-6, но Ѓоковиќ потоа ја презеде контролата, ги доби следните три сета со 6-3, 6-2, 6-4 и заслужено се најде во следната рунда. Во осминафиналето Ѓоковиќ го очекува дуел со Русинот Качанов, кој денеска во пет сета го совлада Американецот Тиафое.

Во останатите осминафинални пресметки ќе се сретнат Надал – Весели, Симон – Дел Потро, Инер – Циципас, МекДоналд – Раониќ,  Монфиј – Андерсон, Федерер – Манарино и Гулбис против победникот од мечот Нишикори – Киргиос.

Се вчитува...