Ѓоковиќ загуби сет, но без поголеми проблеми ја мина првата пречка на УС опен

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ го совлада данскиот тинејџер, Холгер Руне со 3-1 по сетови (6-1, 6-7, 6-2 и 6-1) во 1. коло од последниот гранд-слем во сезоната УС опен.

Ѓоковиќ одигра фуриозно во трите сета кои ги освои, додека младиот Данец успеа да изигра неверојатно само во вториот кој го доби во тај-брејк.

Во второто коло првиот рекет во светот ќе игра против Холанѓанецот Талон Грикспур кој изненадувачки во пет сета беше подобар од Германецот, Штруф. Канаѓанецот Васек Поспишил со пресврт славеше над Фабио Фоњини со 3-2 (2-6, 3-6, 6-1, 6-3 и 7-6).

Кај дамите немаше изненадувања на вториот натпреварувачки ден. Шампионката од 2019, Бјанка Андреску славеше во три сета над Голубиќ од Швајцарија (7-5, 4-6 и 7-5), а пласман понатаму обезбедија и Швјонтек, Плишкова, Бенчиќ, Квитова, Павличенкова…

Се вчитува...