Ѓоковиќ закажа четвртфинална пресметка со Дел Потро во Рим

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ лесно излезе на крај со Филип Колшрајбер и се пласираше во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Рим. Првиот светски рекет во следната рунда ќе се сретне со Хуан Мартин Дел Потро, откако со 2-0 во сетови го доби мечот со Германецот Колшрајбер.

На стартот Ѓоковиќ беше безмилосен и првиот сет го доби без загубен сервис, со максимални 6-0 во гемови. Во вториот малку го намали темпото, му дозволи три гема на противникот, но лесно го комплетираше мечот и славеше заслужен триумф.

Се вчитува...