Ѓоковиќ запиша уште еден неверојатен рекорд

Новак Ѓоковиќ со победата над Гаел Монфилс во осминафиналето на АТП турнирот во Синсинати си запиша уште еден историски рекорд.

Тој сега има неверојатни 19-0 во пресметките против Монфилс, што е најголем однос на победи во однос на еден противник во историјата на тениската игра.

Досега Ѓоковиќ рекордот го делеше со Рафаел Надал, кој има 18-0 против Ришар Гаске, но сега е веќе осамен на оваа листа. Бјорн Борг против Витас Герулаитис, Роџер Федерер против Давид Ферер и Михаил Јужни и Иван Лендл против Тим Мајот имаа по 17-0.

Во четвртфиналето во Синсинати српскиот тенисер ќе игра против Тејлор Фриц.

Се вчитува...