Ѓоковиќ запрен во полуфиналето во Доха: Баутиста Агут одигра меч на животот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ загуби во полуфиналето на турнирот во Доха од Шпанецот Роберто Баутиста Агут во три сета по дваипол часа фантастичен тенис.

Мечот од полуфиналето беше достоен и на финале на Мастерс во кој Агут одигра и над своите можности. Првиот сет го доби Ѓоковиќ со 6-3, а потоа шпанскиот тенисер ги освои следните два сета со 6-7 и 4-6.

Новак и Роберто претходно имаа одиграно осум меѓусебни дуели. Србинот и по овој пораз води со 7-2 во мечеви.

Се вчитува...