Ѓоковиќ жестоко револтиран: „Срамно! Ова првпат ми се случува! На кого му текна пред меч да има допинг контрола!?“

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не можеше да го сокрие револтот по четвртфиналето од Дејвис Купот во кое Србија ја победи Велика Британија и се пласираше во полуфиналето против Италија.

Ѓоковиќ на прес-конференцијата по мечот откри дека, крајно неочекувано, бил принуден на само еден час пред старт на неговиот меч со Нори токму тој да одработи комплетна допинг контрола.

„Еве за повеќе од 20 години кариера не ми се случило допинг контрола да имам пред меч, и тоа известувањето за тоа да дојде на само еден час пред натпреварот. Јас имам своја рутина која не сакам да биде нарушена. Да ми земаат крв, да размислувам дали ќе може да дадам урина пред мечот, е навистина нелогична одлука. Кога разговарав со претставникот на допинг-агенцијата ми кажаа дека причината што ова е пред меч затоа што ќе биде касно потоа и да се пружи на другата репрезентација време повеќе да се одмори. Но кога им кажав дека победникот од вечерашниот дуел не игра утре, ништо не одговорија“ – истакна Ѓоковиќ, и дополни:

„Да биде јасно. Јас поддржувам тестирање, и воопшто не сум против допинг контрола. Но, не пред меч. Првпат во 20 години ми се случува пред меч. Што ќе променеше да биде после мечот. А вака, половина час се влечкав по соби за крв, урина, и останати испитувања и тоа пред да почне мечот. Ова беше срамно, невидено досега. Интересно е дека таа допинг-агенција си е приватна компанија, и нејзе не и се чека до доцните вечерни часови. Срамно. Ниту го разбираат спортот, ниту разбираат каде се наоѓаат… Мора да има некои граници. Нашата тениска асоцијација мора да ги заштити играчите“.

Се вчитува...