Гол е само ако види судијата: Шкендија отиде напред, фудбалот наш назад (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Претседателката на Победа побара да се воведе ВАР – технологијата во Македонија. Оваа изјава потслужи за потсмев, знаејќи ја инфраструктурата на стадионите и интернет стримовите со кои ни е покриено фудбалското првенство во Првата лига. Но, за жал, м(р)ачната реалност на речиси секој дерби натпревар се подбива со судбината на македонскиот фудбал.

Прекрасен сончев ден во Тетово, играа двете најдобри екипи во дуел што може и да разреши многу дилеми околу шампионскиот трофеј. Филип Најдовски упати „бомба“ од 35 метри, топката влезе во голот „дебело“, но потоа отскокна и излезе, а судиите тоа не го видоа. Шкендија отиде напред на табелата, а фудбалот наш – назад!

Играа и Агим Ибраими, Фелипе, Жуниор, Гачевски…ама главна тема ќе останат судиите и за нас недостижниот ВАР…

 

Се вчитува...