Гол и асистенција: Деби од соништата на Миовски за Абердин

Бојан Миовски имаше извонредно деби во дресот на Абердин, помагајќи му на својот тим да стигне до лесна победа од 3-0 над Рејт роверс во рамките од групната фаза од шкотскиот куп.

Македонскиот репрезентативец пред само неколку дена доби работна дозвола и се приклучи на подготовките на Абердин, но веднаш доби шанса од тренерот и максимално ја оправда довербата.

Миовски беше најдобар поединец на денешниот натпревар, бележејќи гол и асистенција и најавувајќи дека ќе биде големо засилување за Абердин во новата сезона. Токму Македонецот беше во главна улога во 6. минута, кога најпрвин изнуди пенал, а потоа самиот прецизно биеше од белата точка

Нашиот интернационалец потоа пред крајот на полувремето асистираше при вториот погодок за Абердин, постигнат со прекрасен удар надвор од шеснаесетникот, по што откако неговиот тим постигна и трет гол Миовски беше повлечен од игра во 60. минута.

Се вчитува...