Гол на денот: „Ножичките“ на Тареми за триумф на Порто

Порто не успеа да се пласира во полуфиналето од Лигата на Шампионите, откако вечерва славеше само со 0-1 на реваншот против Челси.

Единствениот гол беше вистински ремек дело на Тареми, кој во 93. минута со „ножички“ го матираше немоќниот Менди.

Тренерот на Порто, Серџо Консеисао, предолго калкулираше во ситуација кога бркаше два гола негатива, па Тареми го уфрли во игра дури на дваесетина минути до крајот.

Се вчитува...