ГОЛ НА КОЛОТО: Мајсторијата на Размоски од 20 метри, Беласица извлече реми со Работнички (ВИДЕО)

Голот на колото од денешната 13-та рунда во Првата македонска фудбалска лига, без сомнение погодокот на Дарко Размоски на натпреварот меѓу Беласица и Работнички кој заврши без победник (2-2) во Струмица.

Размоски во 18. минута постигна вистински евро-гол со шут од 20 метри стрелајќи под гредата од голот на младинскиот репрезентативец Ристо Јанков.

Потоа во продолжението Работнички успеа да дојде до пресврт со голот од пенал на Ѓурѓевиќ, но и прекрасната акција на Лука Станковски и ефектниот погодок на Николче Шаркоски.


На крај, струмичани извлекоа бод со погодокот од пенал на Антонио Каланоски во второто полувреме.

Се вчитува...