ГОЛ НА КОЛОТО: Ремек-дело на Марушиќ за триумф на Воска во Ѓорче Петров (ВИДЕО)

Воска Спорт дојде до повеќе од значајни три бода со кои се чини, на три кола до крајот на првенството, во голема мера се доведе во сигурна позиција за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Охриѓани заслужено победија со 0-2 на гостувањето против Македонија ЃП, притоа и со едно вистинско ремек-дело кое го презентираше офанзивецот Марушиќ.

Марушиќ директно од слободен удар во 69. минута од натпреварот стрелаше мајсторски постигнувајќи евро-гол.

Се вчитува...