ГОЛ НА МЕЧОТ: Талески му „скрши кичма“ на Мрква

Чешкиот голман Мрква и на синоќешниот дуел им создаваше огромни проблеми на македонските ракометари, но тој беше немоќен при атракцијата на Талески, кога нашиот лев бек со „вртенка“ го легна на земја корпулентниот чувар на мрежата, сместувајќи ја топката во неговата мрежа.

Пеналот на Кузмановски беше клучен за пласманот на СП, но ова ремек-дело на Талески дефинитивно беше најубав гол на бараж-дуелот со Чешка.

Се вчитува...