Гол на Николов по само пет минути по „кам-бекот“ во Шериф

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бобан Николов беше стрелец на гол за неговиот Шериф Тираспол во победата над Флорести од 1-3. На Николов му беа потребни само пет минути по влегувањето во игра по паузата која ја имаше поради повреда.

Тој беше стрелец на последниот гол за својот тим во 75. минута со кој ја запечати победата.

Се вчитува...