Гол на Серафимовски директно од корнер, реми на Беласица со Јавор Ивањица

Струмичка Беласица ремизираше (1-1) со српскиот суперлигаш Јавор од Ивањица на пријателскиот натпревар кој се одигра на Златибор, Србија.

Во максимално израмнет натпревар, со по едно полувреме за двете екипи, струмичани до ремито дојдоа во самиот финиш од средбата.

Јавор дојде до предност со гол во првото полувреме, а Беласица израмни во 90. минута со погодокот на Виктор Серафимовски кој директно од корнер успеа да ги изненади противничкиот голман.

Се вчитува...