Гол на сезоната – Арсенал ја покажа сета убавина на фудбалот

Арсенал славеше над Лестер со 3-1 врзувајќи десет победи во низа во сите натпреварувања. Од трите погодоци, мора да се истакне оној третиот со кој Обамејанг стави печат на победата. Акцијата почна од шеснаесетникот на Арсенал и голманот Лено, за помалку од десет секунди топката да заврши во мрежата на Шмајхел.

Клучна улога одигра Месут Озил, кој најпрвин на средината од теренот со додавање од прва ја забрза акцијата, а потоа експресно се пресели во шеснаесетникот, каде му асистираше на Обамејанг при постигнувањето на погодокот.

Фудбалско ремек-дело на целиот тим, нема што…

 

Се вчитува...