Гол на сезоната: Каква „бомба“ примија Алиоски и Лидс во Шефилд

Неверојатен погодок беше постигнат во финишот од првото полувреме од натпреварот Шефилд венсдеј – Лидс, на кој стартер за гостинскиот тим е и македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски.

Сите очекуваа на одмор да се замине без голови, но домашниот играч Адам Рич ги воодушеви сите присутни на стадионот упатувајќи прекрасен удар од 25 метри, топката имаше неверојатно ефе, заврши во самиот агол и со помош на дирекот влезе зад гол-линијата.

Погледнете ја оваа фудбалска магија од англиската чемпионшип-дивизија.

Се вчитува...