Гол на сезоната во Италија, а постигнат уште во првото коло (ВИДЕО)

Антонио Кандрева во синоќешната победа од 4-0 на Интер против Лече во 1. коло од Серија А постигна гол кој сигурно може да се издвои како еден од фаворитите и за гол на сезоната.

Уште во 1. коло виден веројатно еден од најубавите погодоци. Кандрева во 84. минута се одлучи на шут од 30 метри па испраќајќи „бомба“ погоди во горниот десен агол од голот на Лече. За искусниот, 32-годишен Кандрева ова е 72-от гол во кариерата и 12-ти за Интер. Но, дефинитивно гол кој ќе го памети засекогаш…

 

Се вчитува...