Гол на сезоната во Премиер-лигата, Јунајтед „падна“ на „Вила парк“

Астон Вила се искачи на третото место на премиерлигашката табела откако вечерва славеше против Манчестер јунајтед со 2-1, по што „црвените ѓаволи“ паднаа на седмата позиција, зад Ливерпул и Сандерленд.

Мечот ќе остане запаметен по ремек-делото на Роџерс за водство на Астон Вила од 1-0, погодок што според многумина е и најубав во досегашниот дел од премиерлигашката сезона.

Јунајтед израмни пред крајот на полувремето откако Куња казни една грешка на домашните фудбалери, но Роџерс со вториот погодок донесе огромна радост меѓу домашните фанови на „Вила Парк“.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...