„Гол на сезоната“ во Премиер-лигата – Нокерт му донесе триумф на Брајтон

Брајтон славеше со 1-2 на гостувањето против Кристал Палас, дуел што го реши феноменалниот погодок на Ентони Нокерт.

Францскиот интернационалец тргна во продор од десната страна, си го зголеми аголот, а потоа испрати „бомба“ со левата нога што заврши во самиот агол од голот на домашниот тим – дефинитивно еден од кандидатие за „гол на сезоната“ во Премиер-лигата.

Се вчитува...