Гол на вечерта во ЛШ: Корне ја “собра пајажината“ на Манчестер сити

Неколку прекрасни погодоци беа постигнати на вечерашните натпревари од Лигата на шампионите, но најубав дефинитивно беше оној на Максвел Корне, еврогол со кој Лион поведе на дуелот со Манчестер сити.

Англискиот првак долго доминираше, но се најде во негатива откако Корне маестрално биеше од работ на шеснаесетникот, со левата нога сместувајќи ја топката во горниот десен агол од голот на гостите.

Ремек-дело за уживање на вистинските фудбалски гурмани…

Се вчитува...