Гол од пенал и асистенција на Трајковски за Палермо

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски одигра одличен меч за Палермо во триумфот од 3-0 против Авелино. Во отсуство на повредениот Илија Несторовски, токму Трајковски беше главен напаѓач во тимот. Тој постигна еден погодок, реализирајќи од пенал, а претходно имаше и асистенција до својот соиграч Ла Гумина.

Се вчитува...