Гол-шоу на „Бернабеу“ – Баерн поведе, Реал веднаш израмни

Баерн Минхен нема намера да се предаде, па германскиот првак по само неколку минути игра стигна до водство на „Сантијаго Бернабеу“ од 0-1. Идентично како и во Минхен, Џошуа Кимих е играчот што го отвори резултатот, откако одлично се снајде по една мешаница во шеснаесетникот на „кралевите“.

Веќе во 10. минута – израмнување. Карим Бензема е многу критикуван за своите настапи сезонава, но Французинот овојпат се најде на вистинско место и со прецизен удар со глава ја смести топката во мрежата по маестралниот центаршут на Марсело.

Фантастичен старт, за најава на суперинтересен реванш во Мадрид.

Се вчитува...