Гол-шоу на Левандовски во Гелзенкирхен

Баерн Минхен го остави зад себе разочарувачкото реми со Херта на стартот на сезонава, па вечерва лесно и убедливо триумфираше со 0-3 на гостувањето против Шалке. Дуелите во Гелзенкирхен знаат да бидат незгодни за фаворитите за титулата, но Баерн денеска во својот табор го имаше одличниот Роберт Левандовски, кој постигна хет-трик.

Полскиот ас првиот погодок го постигна од пенал во 20. минута, за потоа во вториот дел да постигне уште два гола од игра, за потврда на вонсериската класа.

Во второто полувреме во игра за Баерн влегоа двете најнови засилувања, Иван Перишиќ и Филипе Кутињо, кои наскоро дефинитивно ќе атакуваат на место во првиот тим на баварскиот гигант.

Се вчитува...