Гол за паметење: Мама миа, каква фудбалска магија на Меси и Мбапе (видео)

ПСЖ славеше со 0-3 на гостувањето против Ажаксио, дуел што ќе биде запаметен по извонредниот погодок што го постигна Лео Меси за водство на својот тим од 0-2.

Станува збор за извонредна тимска акција што ја круниса Меси со неверојатно двојно додавање со Мбапе, а по „петата“ на Французинот, аргентинскиот генијалец го легна на земја и противничкиот голман пред да ја смести топката во празната мрежа.

Првиот и третиот гол за ПСЖ беа дело на Килијан Мбапе, двата на асистенции на Лео Меси.

Се вчитува...