Манчестер Сити и вторпат сезонава не успеа да слави на дуелите со Тотенхем, откако по поразот на домашен тимот тимот на Пеп Гвардиола овојпат мораше да се задоволи само со еден бод на гостувањето во Лондон (2-2). Мечот ќе остане запаметен по фантастичниот погодок на Соланке, кој со неверојатен удар „со пета“ од десетина метри го матираше Донарума, постигнувајќи го еден од најубавите голови во Премиер-лигата оваа сезона.
Сити има за што да жали ако се знае дека „граѓаните“ по првото полувреме имаа предност од 0-2, по погодоците што ги постигнаа Шерки и Семењо, додека продолжи голгетерскиот пост на Ерлинг Халанд во Премиер-лигата.
И наместо рутинско одржување на позитивата, одбраната на Манчестер Сити потклекна, најпрвин новото засилување Марк Геи си даде автогол за 1-2, пред Соланке со еврогол за паметење да израмни на 2-2.
По ова реми, Сити уште повеќе си ја искомпликува трката за титулата и сега има шест бода заостанување зад Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

