Голден Арт долго се мачеше, но успеа да го одбрани домашниот терен од Радовиш

Голден Арт ја забележа втората победа во последните пет натпревари откако во 12. коло славеше против екипата на Радовиш со 29-25. Гостите долго го мачеа домашниот тим кој сепак преку добрата одбрана успеа да го скрши отпорот пред почетокот на последните десет минути, одигра одлично до крајот и не дозволи радовишка победа во СЦ „Јане Сандански“.

Во изедначеното отварање на натпреварот ниеден тим не успеа да го наметне својот ритам. Играта „гол за гол“ траеше во најголемиот дел од првото полувреме со исклучок на двете серии од 2-0 на двете екипи, а гостите беа оние кои имаа минимална предност од полувремето (14-15) благодарние на голот на Постолов.

Отварањето на второто полувреме не донесе промена, изедначениот ритам продолжи се до пред завршните десет минути во кои Голден Арт успеа да го скрши отпорот на противникот. Добрата одбрана донесе контра напади кои домаќините ги реализираа па од минута во минута ја зголемуваа предноста која во еден момент изнесуваше и 26-22 за мирен финиш на петта победа на Голден Арт.

Со 14 гола енигма за гостите беше Шилегов, а него го следеше Јанковски со шест гола. Постолов беше најрасположен кај Радовиш со осум гола, додека шест постигна Трајчевски.

Се вчитува...