Голден Арт КЛ 7 без проблеми против Астраион

Ракометарите на Голден Арт КЛ 7 стигнаа до лесен триумф против Астраион од 36-23 во плеј-аут лигата од македонската Суперлига.

Младите ракометари на Игор Котевски уште од самиот старт го контролираа натпреварот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да се врати во мечот.

Илиевски и Стојковиќ со по шест гола беа најдобри поединци во победничкиот табор, додека кај поразените Ефтимов заврши со седум гола.

Се вчитува...