Голден Стејт фати победнички ритам и се врати на врвот (ВИДЕО)

НБА шампионот Голден Стејт врза две последовни победи и се врати во вообичаениот резултатски ритам откако ноќеска оствари дрматична победа од 117-116 над Сакраменто. „Кралевите“ имаа водство од 10 поени на полувремето, а Голден Стејт во третата четвртина фати резултатски приклучок. Клеј Томпсон со кош во завршните секуди го обезбеди тесниот триумф. Кевин Дурант постигна 44 поени, 13 скока и седум асистенции. Томпсон средбата ја заврши со 31 поен.

Голден Стејт беше без Кари, Грин и Казинс. Првоакот е повторно најдобар тим во лигата, со биланс од 14/7  и ја предовди Западната конференција во која Сакраменто е на осмата позиција со ефект од 10/9.

Во второто дерби на вечерта, Денвер славеше во гости кај конференцискиот ривал Оклахома со 105-98. „Нагетс“ одлично влегоа во натпреварот, особено беа добри во втората четвртина во која имаа и 25 поени предност, но домаќинот во неколку наврати се враќаше на само -5. Џамал Мареј беше најефикасен во победничкиот табор со 22 поени. Кај Оклахома, Расел Вестбрук мечот го заврши со трип-дабл, постигна 16 поени, имашеи 10 скока и 12 асистнции. Денвер се проби на третото место на Запад со биланс 13/7 доедека Оклахома е петта со 12/7.

Вицепрвакот Кливленд конечно врза две последовни победи, славеше на домашен терен над Хјустон со 117-108, Далас забележа домашна победа над Бостон од 113-104, Минесота го победи Чикаго со 111-96, Вашингтон беше подбар од Њу Ореланс со 124-114,  Далас салвеше над Бостон со 113-104, а Милвоки триумфираше над Сан Антонио со неверојатни 135-129.

,

Се вчитува...