Голден Стејт ја доби „пресметката на Западот“

Голден Стејт по голема битка славеше над ЛА клиперс со минимални 129-127 во дерби-пресметката на Западната конференција, во богатата синоќешна програма на НБА-лигата. Стеф Кари немаше своја ноќ на претходниот меч против Далас, но затоа извонредниот шутер блесна против клиперси. Тој го заврши натпреварот со 42 поени, воедно и беше херој на мечот со реализираното положување на 0,5 секунди до крајот, со кое ја донесе победата на актуелниот првак. Кевин Дурант придонесе со 35 поени во овој триумф на Голден Стејт, додека кај ЛА клиперс најефикасен беше Харис со 32 поени.

Максимално неизвесно беше и во Портланд, каде домашниот тим дури по продолжение од пет минути славеше против Далас со 121-118. Лука Дончиќ постигна тројка со која го одведе мечот во продолжение, но Словенецот не можеше да стори ништо при завршниот налет на домашните кошаркари предводени од одличниот Лилард и нееговите 33 поени.

Расел Вестбрук стигна до нов трипл-дабл (23 поени, 11 скокови и 10 асистенции), Пол Џорџ постигна 31 поен, но Оклахома сепак претрпе неочекуван пораз на домашен терен од Минесота (112-114). Вигинс беше човекот на одлука во табоот на победничкиот тим, постигнувајќи 30 поени.

Резултати НБА:

Детроит – Атланта 95-98, Индијана – Вашингтон 105-89, Бостон – Шарлот 119-103, Бруклин – Феникс 111-103, Кливленд – Чикаго 92-112, Орландо – Мајами 91-115, Сакраменто – Њу Орлеанс 122-117, Оклахома сити – Минесота 112-114, Голден Стејт – ЛА клиперс 129-127, Портланд – Далас 121-118, ЛА лејкерс – Мемфис 99-107.

Се вчитува...