Голден Стејт се мачеше со Атланта, Кливленд конечно победи (ВИДЕО)

Без повредениот Стеф Кари и без суспендираниот Дрејмонд Грин, во третиот натпревар во само четири дена, НБА шампионот Голден Стејт се помачи за победата против претпоследниот тим на Истокот, Атланта. Забележа победа од 110-103 и дојде до биланс од 12-3 и се зацврсти на водечката позиција во Западната конференција.

По израмнетото прво полувреме, Голден Стејт со серија од 11-0 во средината на третата четвртина првпат на средбата дојдe до двоцифрена предност. Во завршниот сегмент, Атланта се закани намалувајќи на само пет негатива, а имаше и шут за три за уште поголема неизвесност. Кевин Дурант со кош на 43 секунди пред крајот ги разреши дилемите околу победникот. Тој беше и најефикасен кај шампионот со 29 поени, Клеј Томпсон постигна 24. Кај Атланта Ториан Принс уфрли 22 поени.

Третопласираниот тим во Западната конференција, Денвер е во лоша серија од четири последовни порази откако загуби и од Хјустон со 109-99.

Дуелот во Пепси Центар беше израмнет се до крајот на третот период кога гостите со серија од 8-0 првпат дојдоа до двоцифрена предност (87-76). Денвер успеа да се приближи на минус 4, но Хјустон со нова серија од 13-2 го пркрши мечот и дојде до шестата сезонска победа. Денвер е во очигледна криза, но и покрај тоа со ефект од 9-5 останува на третата позиција на Западот.

Со триумфот над Шарлот од 113-89, Кливленд конечно ја прекина црната серија од пет последовни порази. Џордан Кларксон со 24 рекордни сезонава поени го предводеше тимот до триумф. Кај Шарлот, Џереми Лемб беше прв стрелец со 22 поени.

Се вчитува...