Голден Стејт загуби добиен меч, Јанис ја доби мега-пресметката со Дончиќ

Резултатската криза на Голден Стејт уште повеќе се продлабочи со поразот на домашен терен од Оклахома Сити (123-130), навистина болен ако се знае дека „воините“ ја имаа победата во свои раце, а на крајот загубија по продолжение од пет минути. И без помошта на Кари и на Грин тимот на Голден Стејт беше на чекор на триумф, но Чет Холгрем погоди тројка од исклучително тешка позиција носејќи го мечот во продолжение, во кое гостите од Оклахома стигнаа до победата.

Најдобар поединец на натпреварот беше гостинскиот плејмејкер, Гилџус Александер со 40 постигнати поени, Холмгрем стигна до рекордни за него 36 поени, додека Вигинс со 31 поен беше најефикасен во таборот на „воините“.

Милвоки триумфираше со 132-125 над Далас, во мега-пресметката на двете европски ѕвезди Јанис Адетокумбо од едната и Лука Дончиќ од другата страна. Милвоки стигна до победата благодарение на извонредната последна четвртина што домаќините ја добија со 43-27, правејќи целосен пресврт на патот кон триумфот.

Јанис беше фантастичен постигнувајќи 40 поени, 39 на спротивната страна имаше Кајри Ирвинг, додека Дончиќ го заврши мечот со 35 поени, 9 скока и 9 асистенции.

Чикаго ја прекина серијата победа на Мајами славејќи со 102-97 над вицешампионот, додека Минесота во неизвесна завршница го совлада Њу Орлеанс на гостински терен со 120-121.

Резултати НБА:

Шарлот – Њујорк 108-122, Њу Орлеанс – Минесота 120-121, Чикаго – Мајами 102-97, Милвоки – Далас 132-125, Сан Антонио – Мемфис 108-120, Голден Стејт – Оклахома 123-130 (по прод.)

Се вчитува...