Голеада на „Енфилд Роуд“ пред кревањето на шампионскиот трофеј, падна Челси

Ливерпул во шампионски стил го „торпедираше“ Челси на „Енфилд Роуд“ и го победи со 5-3 во пресрет на кревањето на пехарот кој го чека три децении. Тимот на Јирген Клоп одигра фуриозно во првото полувреме, потоа малку се опушти, Челси се доближи на само еден гол негатива (4-3), но Алекс Окслејд Чемберлен ги расчисти сите дилеми и донесе голем триумф. По мечот капитенот Џордан Хендерсон го прими пехарот за победникот во Премиер – лигата.

Наби Кеита постигна фантастичен гол за водство на Ливерпул, а Трент Александер Арнолд зголеми на 2-0 од слободен удар. До крајот на првиот дел и Џорџинио Вајналдум ја затресе мрежата на Кепа Аризабалага, а Оливие Жиру пред одморот намали на 3-1.

Роберто Фирмино во 55.минута постигна четврти гол и фудбалерите на Ливерпул помислија дека ја завршиле работата, па Челси се доближи со головите на Тами Абрахам и на Кристијан  Пулишиќ. Сепак, Алекс Окслејд Чемберлен во 84.минута стави печат на фантастичниот натпревар и на големиот триумф на Ливерпул.

Се вчитува...