Голеада во Рим и трето место за Лацио, среќно реми за Несторовски и Удинезе

Лацио го совлада Лече со 4-2 и се искачи на третата позиција на табелата во Серија А со 24 бода, колку што има и Калјари кој претходно славеше против Фиорентина со 5-2. Удинезе ремизираше без голови на домашен терен против Спал, а имаше голема среќа со оглед дека Андреа Петања не искористи пенал во судиското продолжение. Илија Несторовски беше стартер за тимот од Удине и настапи до 65.минута, кога на негово место во игра влезе Кевин Ласања.

Кореа ги доведе „лацијалите“ во водство, но Лападула израмни пред истекот на првото полувреме. Милинковиќ – Савиќ повторно донесе предност за Лацио, потоа Бабакар не искористи пенал за Лече, а Чиро Имобиле му покажа како тоа треба да го стори неколку минути подоцна. Серијата голови за Лацио ја затвори Кореа, а Ла Мантиа го постави конечниот резултат.

Сампдорија и Аталнта исто така ремизираа без голови.

 

Се вчитува...