Голеада во Рим, по еден бод за Лацио и за Болоња

Лацио и Болоња одиграа меч со шест гола (3-3) на „Олимпико“ и ги поделија бодовите. Гостите го изненадија тимот на Симоне Инзаги, а Лацио од пораз го спаси Сергеј Милинковиќ Савиќ со погодок во 80.минута.

Кореа донесе водство за римскиот тим, а Поли и Дестро на стартот на вториот дел направија комплетен пресврт. Бастош израмни во 59.минута, но само четири минути подоцна Орсолини повторно ја доведе Болоња во предност. На крајот, српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ Савиќ го постави конечниот резултат.

Се вчитува...