Германскиот Ајнтрахт Франкфурт е последниот патник во осминафиналето во Лигата на Европа, откако денеска во одложениот натпревар одигра нерешено 2-2 на гостувањето кај Ред Бул Салцбург. Натпреварот беше одложен за денеска поради невремето кое го зафати Салцбург во вчерашниот ден. Првиот натпревар во Франкфурт, Германците го добија со 4-1 што беа доволни 2-2 на вториот натпревар.
Во осминафиналето во најмасовното европско фудбалско натпреварување Ајнтрахт ќе се сретне со швајцарскиот Базел. Првите натпревари се закажани за 12. март, додека реванштие ќе се играат седум дена подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА