Голеада во Струмица: АП Брера се врати од „мртвите“ и дојде до бод против Силекс (ВИДЕО)

АП Брера и Силекс одиграа интересен, возбудлив и неизвесен натпревар кој заврши без победник 3-3. Невројатно беше она што се случуваше на мечот, особено промашените шанси од страна на Силекс, кој „прокоцка“ предност и од 1-3, а на крајот можеше дури и да го загуби натпреварот.

По оние 1-1 на полувремето, кога Силекс имаше пет стонастостни шанси, а АП Брера ја искористи единствената, на стартот од вториот дел кратовци се стекнаа и со предност од 1-3.

Мирчевски во 19. минута од пенал погоди, а Михаилов успеа да израмни во последните секунди од првиот дел.

Потоа Донов во 46. минута по една одбиена топка стрела во мрежата, а Пиреш во 50. минута зголеми на 1-3.

Сепак, АП Брера не се предаде. Во 63. минута по една мешаница пред голот на Силекс, Луковиќ погоди во голот на Божиновски, а потоа во 70. минута Стојанов постигна убав гол за 3-3.

Во финишот Тодоров за малку ќе го шокираше Силекс, но неговиот удар отиде само над голот.

Се вчитува...