Голем гест: Еурофарм Пелистер со „најдобар ракометен подарок“ подарок за членовите на младинската школа

Претседателот на РК Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев ќе им подари оригинален подарок на младите ракометари од школата на клубот. Имено, претседателот се одлучи на младите ракометари од клубот да им ја подари автобиографската книга на македонската легенда Кирил Лазаров – „Секогаш на победа“. Подарокот е потпишан специјално за пригодата од авторот.

„Книгата претставува учебник за секој млад ракометар. Лазаров својата ракометна репутација ја стекна како член на нашиот клуб. Настапуваше во Битола од 1997 до 2000 година и ги освои сите можни трофеи во македонскиот ракомет. Тој е омилен меѓу нашите фанови, приврзаниците на Пелистер и македонските љубители на ракометот. Затоа сметаме дека овој подарок е соодветен за оваа пригода“, објавија „пелистерци“на официјалниот фејсбук-профил.

Овој гест е само уште една потврда за развојот на битолскиот клуб, кој напредува на сите полиња од година во година.

Се вчитува...