Голем гест на ТФТ Скопје: Донирана хуманитарна помош за Гостивар (ФОТО)

Еден од најдобрите домашни кошаркарски клубови, ТФТ Скопје со голем гест се вклучи во акција за помош на загрозените граѓани по прогласената епидемија во Гостивар.

Од ТФТ Скопје, преку својата новоформирана фондација, донираа вода за граѓаните на Гостивар како знак на поддршка и солидарност.

„Не секоја победа се освојува со кош. Некои победи се освојуваат со срце. Во текот на вчерашниот ден, Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје, преку својата фондација TFT Cares, беше рамо до рамо со граѓаните на Гостивар и донираше вода како знак на поддршка и солидарност. Кога е најпотребно — стоиме заедно. Заедно за Гостивар. Повеќе од кошарка“ – порачаа од ТФТ Скопје.

Се вчитува...