Голем гест од Стојанче Стоилов – Признание за оној што не го добива често

Радоста на вардарци по големата победа против Фленсбург и пласманот на Ф4 беше голема и заслужена. Победи трпеливоста и тактичноста на Раул Гонзалес, тимскиот дух и пожртвуваноста на „црвено-црните“. Но капитенот Стојанче Стоилов во големата победа направи голем гест и издвои еден од своите колеги кој како што рече има големи заслуги, но ретко добива пофалби – столбот на одбраната на Вардар, Илија Абутовиќ.

„Мислам дека бевме подобар противник во двата натпревари. Бевме зрела екипа и конечно се пласиравме на Ф4. Работевме напорно цела сезона и тоа конечно се ни се исплати. Ќе издвојам еден играч кој ретко добива пофалби и обично е во сенка на другиуте. Илија Абутовиќ заслужува пофалби, тој е нашиот најдобар играч сезонава, малку е во сенка, ретко добива пофалби, но ги заслужува. Тој е одличен играч и одличен човек“ – истакна капитенот на Вардар по победата која го носи макеоднскиот шампион во завршницата на ЛШ.

Се вчитува...